Во Германија се помалку луѓе одлучуваат да се пензионираат. Според официјалните владини податоци, луѓето на возраст од 63 до 67 години избираат почесто да работат.
Германците родени по 1964 година имаат право на старосна пензија на 67 години. Постои можност и за предвремено пензионирање, почнувајќи од 63 години, но потоа пензиите се помали.
Податоците покажуваат дека бројот на вработени во возрасната група од 63 до 67 години, кои се уште плаќаат придонеси за социјално осигурување, а кои се вработени и со пократко работно време, постојано расте од 1,31 милион во 2020 година на минатогодишните 1,67 милиони.
Од таа возрасна група, во 2022 година биле вработени 1,52 милиони Германци.
Официјалните бројки Владата ги изнесе како одговор на пратеничкото прашање на партијата Левица, а до овие податоци имала пристап и агенцијата ДПА.
Експертот на Левица за пензиски прашања Матијас В.
Тој, сепак, посочи дека вработувањето на стари лица е се почеста појава.
Во Германија се води долготрајна дебата за тоа што да се прави со брзо стареењето на населението и недостигот на работна сила.
Синдикатите и левичарските политичари се противат на предлозите за зголемување на старосната граница за пензионирање, можеби дури и на 70 години. ()