Актуелно 10.07.2019 15:09

Дали носењето оружје или обвинувањата за корупција беше причината за смената на директорот Исени?

Дали носењето оружје или обвинувањата за корупција беше причината за смената на  директорот Исени?

Џеват Исени разрешен е  од функцијата на извршен член на Одборот директори на акционерското друштво за стопанисување со деловен простор, со што автоматски му престанува и функцијата Претседател на Одборот на директори на АДСДП.

Наводно  оваа одлука на владата следува откако медиумите објавија видео на кое се гледа како Исени игра оро на свадбена веселба со пиштол, кој, според него, бил гасен.

Но она што е симптоматично е дека после неколку статуси на социјалните мрежи во кој Исени јавно  го обвинува за корупција и незаконско работење  генералниот директор на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски тој  е разрешен од неговата функција.

Имено, Исени на 18 Мај оваа година на својот фејсбук профил праша дали двајца членови на одборот и Генералниот работат против претседателот. Додека на 15 мај 2019 година преку својот фејсбук профил праша зошто генералниот директор не го доставил списокот на ново вработените. Исени исто така напиша во својот статус и други обвинувања и тоа зошто директорот има надворешен  советник – пензионер кој го плаќа на цел сектор вработени, праша дали јавните  наддавања се местат , и колку генералниот директор има потрошено на службени ручеци и слично.

Прашањето е дали вистинската причина за разрешување на Исени е носењето пиштол или подлабока односно јавно обвинување за неодговорно и незаконско работење кон  извршниот директор Кристијан Трајковски.