Актуелно 10.10.2019 12:01

Дали Ременски ќе си поднесе оставка како пратеникот Павле Богоевски

Дали Ременски ќе си поднесе оставка како пратеникот Павле Богоевски

Пратеничката и потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски пред неколку месеци во врска со аферата која излезе во јавноста со пратеникот Павле Богоевски, на социјалните мрежи напиша дека тој со својата оставка поради таа афера покажал дека силен поборник за расчистување на криминалот, како и дека бил доволно храбар и одговорен да за истиот „линч“ кој бил спроведен против него, одговори со оставка од својата пратеничка функција.

Пратеникот Богоевски призна дека станувало збор за нарачка, но не за кокаин туку за медицински канабис кој што го користел одамна. Ременски тогаш го нарекуваше пратеникот висок моралист што си даде оставка од својата функција пратеник во македонското собрание затоа што не сакал да фрла дамка на правдата за која што се залагал.

Откако се објави аферата „Рекет“ и потенцијалната замешаност на пратеничката Фросина Ременски, за кои одреден дел од јавноста се појавија информации дека била насловена како Фрики. Ременски која што ја обавува функцијата почесен претседател на Меѓународниот сојуз за кој сега постојат тврдења за вмешаност во аферата, велеше дека таа не знаела за зделките и каде оделе парите и дека иако постојат фотографии за блискоста со првообвинетиот Боки 13 не значеле дека таа е вмешана во криминалот за кој се товарат Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Новинарот Бранко Геровски тогаш напиша дека според негово мислење „ Кирацовски, Фросина Ременски и повеќе други видни личности од СДСМ сносат директна политичка одговорност за еден многу сериозен фаул – за фацилитацијата на рекетарските активности на осомничените, со пружање политичка, морална, но и логистичка поддршка. А истрагата допрва треба да покаже дали кај некои од овие лица има и повеќе од тоа, имено и директна кривична одговорност“.

Фросина Ременски минатиот месец по исказот во Обвинителството за случајот, негираше дека постои нејзина поврзаност со „Рекет“, вчера Обвинителството објави дека ја проширува истрагата и таа е осомничена за измама и перење на пари.

Премиерот Заев на прес конференција истакна дека негов став е дека кога лице е осомничено или обвинето треба да се превземат мерки и санкции и времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже невиноста. Дали оваа изјава на Заев, како и ревносното бранење од страна на пратеничката Ременски за Павле Богоевски кога тој си даде оставка, ќе биде доволно Ременски да си даде оставка од својата пратеничка функција како и да биде остранета од сите функции во партијата, останува да се види дали борците за правда како што се нарекуваа и моралисти ќе си останат на својот збор.