Црвенилото е знак дека организмот послабо го процесира ацеталдехидот, отровната материја која се создава со обработка на алкохолот во организмот. Тоа го зголемува крвниот притисок, а со тоа и ризикот од срцев удар.
Луѓето кои поцрвенуваат кога пијат алкохол би требало повеќе да внимаваат на својот крвен притисок затоа што тие имаат зголемен ризик од висок крвен притисок, а со тоа и зголемен ризик од срцев и мозочен удар.
Ризикот е најголем кај оние луѓе кои пијат по 4 алкохолни пијалоци неделно, а за разлика од нив, ризикот од висок крвен притисок кај оние кои не се вцрвенуваат во лицето расте после осум пијалоци неделно, покажала една студија работена врз 1.763 испитаници.
Луѓето кои се вцрвенуваат полошо го процесираат ацеталдехидот, отровната материја која се создава кога црниот дроб го обработува алкохолот и тоа прави притисок врз крвните садови и со тоа го зголемува целокупниот крвен притисок.
Иако досега за црвенилото се мислело дека е непријатна последица од алкохолот или алергија на алкохол, црвенилото на лицето може да биде и показател на високиот крвен притисок и ризикот од срцев и мозочен удар.
Црвенилото на лицето е почесто кај жените отколку кај мажите, а исто така и кај постарите лица и кај Азијатите отколку кај другите раси.