Актуелно 20.08.2018 12:23

Дали соработниците на Богдановиќ ги користат службените возила за приватни потреби?

Дали соработниците на Богдановиќ ги користат службените возила за приватни потреби?

Продолжува злоупотребата на службени возила од страна на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.

-По турите на МВР-Турс до Солун и Охрид има индиции за злоупотреби на службените возила во општина Центар. Постои сомнеж дека блиски соработници на градоначалникот Саша Богдановиќ масовно ги користат службените возила на општината. Дали возачот на Богдановиќ, Окрај Кадриевски користи службено возило за свои приватни потреби. Сомнеж предизвикува што  едно од возилата што го користи Кадриевски не било на паркингот на општината во време кога тој заминува на годишен одмор. Дали  возилата Форд Фокус и Цитроен Ц4 се користат за лични потреби од страна на секретарката на Богдановиќ, од неговиот шеф на кабинет со кој е во кумски односи Ѓорѓе Димитријевиќ и секретарот на општината Маја Ралевска, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Јавноста и центарци, велат од партијата,  заслужуваат одговори од градоначалникот Саша Богдановиќ.

-Ако ова е вистина на овој начин се уништува имотот во сопственост на општината, додека ваквото однесување од страна на најблиските соработници на Богдановиќ е недозволиво. Под итно бараме оваа практика да престане, а одговорните најстрого да се санкционираат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ Центар.