Живот 13.09.2023 14:52

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот.

Без разлика дали се работи за спорт, успех на работа, научна кариера или некоја друга област, важно е да имате знаење или талент за она што го работите.

Со сигурност можеме да кажеме дека истото важи и за управувањето со личните финансии. Потребно е да имаме основни познавања за парите и како функционираат парите за да можеме да управуваме со нив.

Значи, можеме да се согласиме дека знаењето е од огромна важност. Сепак, дали е доволно?

Некој може да каже дека само знаењето е доволно. Но, дали е навистина доволно само знаењето?

Вистина е дека е важно да се знае. Меѓутоа, ако нема уште една поважна работа, тогаш знаењето нема многу да ни помогне.

Се работи за дисциплината. Зашто, без дисциплина, нема да има повеќе заштедени пари. Ако немаме доволно дисциплина навистина да ги заштедиме парите што ги издвоивме „на страна“, а не да ги потрошиме на пример, на последниот модел на телефон што го видовме на огласот или на новото брендирано парче облека, тогаш ниту сите наши финансиски знаења нема да ни бидат од корист.

Ако зборуваме за проценти, тогаш дисциплината е важна 80%, а знаењето 20% за добро управување со личните финансии.

Ова правило прв го дефинирал Дејв Ремзи, американски финансиски советник и затоа најчесто него му се припишува дека е творец на оваа формула за управување со личните финансии.

Затоа, за добра финансиска иднина мора да имате некои основни познавања и затоа е од големо значење финансиската едукација. Секако, нема да ви наштети ниту основните познавања да ги проширите со дополнителни постручни едукативни содржини.

Од друга страна, покрај стекнувањето знаење, важно е и да се практикува дисциплината. Ако сте успеале да постигнете добар баланс помеѓу двете, вашата банкарска сметка наскоро ќе го покаже тоа.