Економија 18.12.2023 12:25

Данска дефинитивно воведува еко данок на авиобилетите

Данска дефинитивно воведува еко данок на авиобилетите

Данска во 2025 година ќе воведе еколошка такса за авионските билети, во просек од 13,5 евра до 2030 година, повикувајќи се на европската одлука за воведување таков данок.

„Транспортниот сектор моментално минува низ брза зелена транзиција, а со овој договор се однесува и на воздухопловството. Секогаш ќе може да се патува со авион, но тоа мора да се прави на еколошки начин“, изјави министерот за транспорт Томас Даниелсен, пренесоа данските медиуми, објави Политика. Данокот, кој ќе важи за летовите што поаѓаат од Данска, ќе изнесува 30 круни (четири евра) за летови на кратки релации кога ќе биде воведен во 2025 година и постепено ќе се зголемува на 50 круни во 2030 година, пренесува Бета.

Надоместокот ќе биде поголем за средни и долги патеки и ќе изнесува 410 круни до 2030 година. Мерката треба да овозможи финансирање инвестиции во полза на еколошката транзиција на домашниот воздушен транспорт, како и зголемување на пензиите за оние со најниски примања. Даноците треба да носат околу две милијарди евра годишно. ()