Финансии 04.11.2018 19:08

Даваат 3.500 евра за работа на Алпите

Даваат 3.500 евра за работа на Алпите

Австријците имаат потреба од хрватските работници.

Тие бараат келнери, готвачи, масери, козметичари, а платите се до 3.500 евра.

Има и други поволности, како што се храна, сместување и 13 или 14 плата.

Оние кои добро го познаваат германскиот јазик, можат да добијат работа во хотел со 4 или 5 ѕвездички.

Иако Хрватите немаат пристап до австрискиот пазар, до јануари 2020 година, сепак работни дозволи се издаваат доста брзо.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.