Во едно неодамнешно истражување на американскиот универзитет во Толедо истражувачите заклучија дека изобилството играчки го намалува квалитетот на игра и дека помалку играчки се покорисни за детето. Кога се претрупани, не можат да се фокусираат на играта и на она што можат да го научат.
Водителот на истражувањето, д-р Карли Даухт, истакна дека децата од истражувањето кои добија само четири играчки долго време беа концентрирани на секоја од нив, подолго се играа и беа покреативни во осмислување на игри, за разлика од оние кои добиле 16 играчки и кои само шетале од една до друга играчка.
Многу истражувања покажаа дека децата кои очекуваат многу скапи подароци може да доживеат негативни социјални и емоционални последици, кои се протегаат и во зрелата возраст.
Едно такво истражување беше спроведено на американскиот универзитет во Мисури, и во заклучокот стои е дека овие деца често, кога ќе пораснат, се склони на долгови на кредитната картичка, на коцкање, на компулсивно купување и ненаситност во храната