Актуелно 01.03.2024 14:38

Дел од маркетите веднаш ги зголемиле цените, не е прекршок доколку лебот го покачат на 40 денари

Дел од маркетите веднаш ги зголемиле цените, не е прекршок доколку лебот го покачат на 40 денари

Државниот пазарен инспекторат веднаш регистрирал зголемување на цените на прехранбените производи, откако денеска престана да важи мерката „гарантирана цена“. Ова денеска го истакна директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

-ДПИ вчера направи контрола на сите големи ланци на маркети, со цел да утврди дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Надзорите се пообемни и ќе траат 3-4 дена, а од првичните информации утврдено е дека има прекршоци, но ќе почекаме да завршат надзорите во целост, рече Трајковски на брифинг со медиумите.

-Доколку се прекршени по одлуките на владата, ние можеме да затвораме, а затворањето е од 3 до 30 денови, но не сакаме да казнуваме, туку сакаме да видиме општествена одговорност од сите, додаде Трајковски.

Истакна дел од маркетите ги немаат зголемено мерки, а дел ги имаат. Снабдувачите на големо веќе ги преправаат цените до трговците на мало и се очекува да се покачат цените.

-Ние можеме да постапуваме само по законите за кои што сме наложени. Не можеме да влијаеме на цената, информира директорот на ДПИ, одговарајќи дека „маркетите нема да сторат прекршок доколку го покачат лебот од 30 на 40 денари“.

Тој апелира до трговците на мало и големо да направат акции и да ги задржат цените на основните прехранбени производи, на ниво на стандардот на граѓаните.

Гарантираната цена од денеска не важи. Трговците велат дека нема да има енормно поскапување, но ќе има ценовни поместувања. ()