Во вечерашната емисијата „24 Отворено“ ,Снежана Караџовска која е инвалид од септември 2016-та година, со две ампутирани нозе, потенцираше дека за нејзината ситуација таа упатила писмо до министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев, каде ги запознала со нејзината ситуација.
-Како мене случај нема во Република Македонија. Прашајте ги колку лица како мене обучиле? Никој, истакна Караџовска.
Таа додаде дека имала средба со Ден Дончев при што тој и рекол дека таа барала „Мерцедес“, а тие можат да и дадат „Фиќо.
Имено, во своето гостување таа додаде дека е разочарано што во емисијата нема ниту еден претставник од Фондот за здраствено осигурување и од Заводовот за рехабилитација.