Првиот регионален форум за вработување на млади ќе се одржи денеска и утре во хотелот Стоун Бриџ (Stone Bridge) во Скопје со почеток од 11.30 часот. За време на форумот ќе бидат вклучени високи претставници на ресорните министерства на земјите од Западен Балкан, претставници на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, претставник од Европската комисија од директорати за б=вработување и социјална политика, како и претставници од домашните релевантни институции кои работат на проблемот со младинската невработеност.
Регионалениот форум за вработување на младите е во рамки на проектот WeB4YES – Организации на граѓанското општество од Западен Балкан во поддршка на вработувањето на младите, во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Носител на проектот е Београдска отворена школа, а партнерските организации се од земјите на Западен Балкан.