Живот 30.11.2018 21:06

Денес породувањето трае подолго отколку во времето на нашите баби

Денес породувањето трае подолго отколку во времето на нашите баби

Денес породувањето трае подолго отколку во времето на нашите мајки и баби
На мајките денеска им требаат во просек околу 6 ипол часа за да се породат, додека пред 50 години просечното породување траело едвај 4 часа.

Според студијата која ги споредувала податоците од речиси 140 илјади породувања во денешно време и во периодот пред 50 години, сега на мајките им требаат околу 6 ипол часа за да се породат, за разлика од порано кога породувањата траеле во просек, едвај 4 часа.

Причините за ова не се целосно јасни. Можеби имаат врска со разликите помеѓу денешните мајки и нивните баби. На пример, денеска жените стануваат мајки за првпат во просек четири години подоцна, имаат поголема телесна маса и се психички поинакви.

И денешните бебиња се во просек потешки за повеќе од 100 грама отколку што било случај во 60-тите години. Но авторите на студијата велат дека најважните причини за подолгите породувања се она што го прават гинеколозите, а не тоа што се смениле нивните пациенти. Една од причините која ја наведуваат стручњаците е порастот на употребата на епидуралната анестезија во текот на породувањето.

Ова го продолжува породувањето за околу 40 до 90 минути но, секако, тоа е широко прифатена пракса за помош при регулирањето на болката при породувањето. Во САД, до 85 отсто од современите жени на породувањето користат епидурал. Во доцните 50. и 60. години, жените повеќе се шетале до самото породување, додека сега, кога ќе примат епидурална анестезија, тие се во кревет.

Уште една голема промена е тоа што денеска се повеќе жени имаат индуцирани породувања. Со други зборови, помалку им се дозволува спонтано да влезат во родилната сала па спонтано се породува дури секоја трета.

Иако многумина ќе го сметаат ова како напад на епидуралната анестезија, на пример, или на царскиот рез, главниот заклучок од истражувањето е дека треба да се прифати фактот дека породувањата траат подолго и дека би требало да постои нова дефиниција на „нормалното“ породување, а со самото тоа и тајминг на интервенциите кои се применуваат на родилките. Затоа што, ако постојат погрешни очекувања за напредувањето на породувањето побрзо ќе дојде до интервенција и таму кадешто таа не е неопходна.