Актуелно 24.02.2019 22:22

,,ДЕНЕШЕН“: Во градовите со мнозинско албанско население СДСМ и ДУИ ја зголемуваат невработеноста

,,ДЕНЕШЕН“: Во градовите со мнозинско албанско население СДСМ и ДУИ ја зголемуваат невработеноста

Денеска министерот за финансии Тевдовски се пофали дека во Битола актуелната власт вработила 3000 лица. Дали ги вработила или ги избиршала од евиденција, или стануа збор за комбинација на едното и другото, е друго прашање, но податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во 2017 година во Битола имало околу 7000 активни баратели на работа (десет години пред тоа, кога Груевски ја презеде власта бројот изнесува 20.200 лица) а сега нивниот број е 4642 лица, пишува Денешен.мк

Интресено е меѓутоа дека наспроти овие бројки за Битола, град со мнозинско македонско население, поразителни се бројките за овие две години во градови со мнозинско албанско населние како Тетово и Гостивар.

Така, пред две години, односно на почетокот од 2017 година во Тетово имало 13 700 невработени (28 900 во 2006 година), а сега има 13 495 невработени, кои најверојатно се иселени лица кои се избришани од евиденцијата, па излегува дека во Тетово невработеноста не се намалила ниту за промил.

Во Гостивар, пред две години имало 6200 невработени (16 000 во 2006-та), а сега има 6847 невработени, што значи дека бројот на невработени во овој град се зголемил.

Овие податоци само покажуваат дека за Албанците во Македонија се водело многу поголема грижа во време на власта на Никола Груевски, отколку за време на власта на Зоран Заев, факти што власта и нејзините медиуми на македонски и албански јазик се трудат и ќе се трудат да ги сокријат.