Светскиот ден на метрологијата го слави потпишувањето на Метарската Конвенција во која членува и Република Македонија преку Бирото за метрологија. Конвенцијата ја постави рамката за глобална соработка помеѓу науката за мерење и нејзините индустриски, комерцијални и општествени апликации.
Главната цел на Метарската Конвенција е единството на мерењето во светот, а тоа останува важно и денес, исто како и пред 137 години.
Во Македонија Бирото за метрологија е одговорна институција, за извршување задачи за одржување на системот за законски мерни единици, развој, остварување на национални мерни еталони, обезбедување метролошка следливост на мерењата, калибрација и верификација на мерила.