Економија 25.04.2018 10:24

Денеска топло со температура до 30 степени

Денеска топло со температура до 30 степени

 

Сончево и топло време ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне ќе има умерена облачност и локално услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од девет до 29 степени.

Периодот на топло време продолжува и во наредните денови. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи