Актуелно 28.01.2020 16:02

Денеска владата ги задолжи граѓаните за нови огромни 24,3 милиони евра

Денеска владата ги задолжи граѓаните за нови огромни 24,3 милиони евра

Денеска се одржа аукција на државни хартии од вредност во износ од 24, 3 милиони евра . Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија оджана е аукција на државни записи и државни обврзници со кои владата официјално се задолжи за нови 24,3  милиони евра.

Ова не е прво задолжување годинава туку е едно од низата што ги реализираше Владата и Министерството за финансии.  Задолжувањата вртоглаво растат додека реализацијата на  капитални инвестиции е очајно ниска. Според економистите ваквиот начин на континуирано задолжување непропратено со иста динамика на инвестирање во капитални инвестиции е опасно по и онака слабата македонска економија.

Понатаму,  експертската јавност алармираше и за вртоглаво високиот јавен долг кој ја надмина психолошката граница од 50 % што претставува дополнителен проблем. Скоро сите реномирани финансиски институции како Светска Банка и ММФ предупредија за висината на јавниот долг кој постојано наместо да се намалува расте.

Инаку, владата пред да дојде на власт беше огромен критичар на зголемувањето на јавниот долг и беше против задолжувањата но сега како власт постојано ги практикува коментираат експертите.