Актуелно 16.04.2019 10:34

Денеска Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 39 милиони евра

Денеска Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 39 милиони евра

Денеска Владата планира да ги задолжи граѓаните за нови 39 милиони евра. Имено на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија е закажана аукција на државни хартии од вредност во износ од 39 милиони  евра.

Ова е едно  од низата задолжувања што Владата ги направи од почетокот на годината но сега се задолжува на сред претседателска кампања. Имено, долгот континуирано расте и само од почетокот на годината Владата вклучително со овој долг изнесува 268 милиони евра за само неполни четири месеци.

Владата пред да дојде на Власт на големо ги критикуваше задолжувањата додека сега континуирано ги практикува. Инаку јавниот долг ја премина психолошката граница од 50 % и е проектиран да расте во наредните години.

Економистите коментираат дека со ваквото динамично темно на задолжување непропатено  со исто динамично темпо на капитални инвестиции македонската економија се движи кон колапс