Овојпат нобеловите награди се доделени на луѓе кои се посветени на борбата да се стави крај на сексуалното насилство како оружје во водењето на војните.
Денис Муквеге, гинеколог кој лекувал жртви од сексуално насилство во Конго и Надја Мурад, јазидска активистка за човековите права и поранешна сексуална робинка во Исламската дрѓава во Ирак, се добитници на Нобелова награда за мир оваа година.
„Двајцата лауреати дадоа клучен придонес за да се сврти вниманието и борбата против таквите воени злосторства“ се наведува во одлуката.
Муквеге ги лечи жртвите од сексуално насилство во Конго, и раководи со болницата Панзи во градот Букаву на истокот од земјата. Клиниката е отворена во 1999-та и годишно тука доаѓаат илјадници жени. Надија Мурад го застапува јазидското малцинство во Ирак, бегалците како и женските права глобално. Таа беше заробена во 2014-та година и ја силуваа џихадистите од Исламска држава во Мосул.
Наградата од еден милион американски долари ќе им биде врачена во декември во Осло.