Народна банка на РМ според првичните податоци за јуни забележува натамошно месечно зголемување и на депозитите и на кредитната активност. Месечното зголемување на вкупните депозити во најголем дел е резултат на повисоките депозити на претпријатијата, при позитивен, но релативно помал придонес на депозитите на домаќинствата.
Во однос на кредитниот пазар, зголемената кредитна активност во јуни речиси подеднакво произлегува од кредитите одобрени на домаќинствата и на претпријатијата. Депозитните и кредитните текови во периодот април – јуни се повисоки од проектираните за второто тримесечје на 2018 година, упатувајќи на натфрлање на проекцијата за овој период.