Мозаик 12.09.2018 18:54

Десетте најголеми глобални заканувачи за компаниите

Десетте најголеми глобални заканувачи за компаниите

Сајбер ризиците за прв пат се меѓу десетте најголеми глобални заканувачи за компаниите, покажува истражувањето „Aon Risk Solutions“. Како главна причина за загриженост со која се соочени глобалните организации вклучени во истражувањето се наведува нанесувањето штета на брендот и угледот.

Во „Aon Risk Solutions“ сметаат дека тоа дополнително ја нагласува важноста за заштита од сајбер ризиците, кои, откако ќе дојде до повреда на безбедноста на податоците, редовно се поврзуваат со прашањето за брендот и угледот.

Самите сајбер ризици се наведени како девети на листата со клучните фактори.

„Aon Risk Solutions“ во рамките на истражувањето испрашуваше 1.400 главни извршни директори, главни финансиски директори и менаџери за ризик кои изјавија дека најголемата загриженост во речиси сите региони и индустрии предизвикува нанесувањето штета на брендот и угледот, при што растечката конкуренцја е еден од главните поттикнувачи.

Топ 10 ризици се:

1. Нанесување штета на угледот/брендот

2. Економско забавување/бавно закрепнување

3. Измени на прописите/законодавството

4. Растечка конкуренција

5. Неуспех во привлекувањето или задржувањето на најдобрите таленти

6. Неуспех во иновациите-исполнување на потребите на купувачите

7. Прекин на работењето

8. Одговорност кон трети

9. Сајбер ризици

10. Штета на имот

Најнови вести