Знаете што е најважно за пензискиот фонд- економски развој, повеќе пари и така може реформите да се направат во сите системи, пензиско и инвалидско, труд и социјала. И сето тоа ќе се направи со пари. Значи основната работа е создавање на пари. Зголемување на економскиот раст во државата. Зголемувањето на вработувања, а не реформа само заради реформа, појасни Благоја Деспотоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.
-И сето тоа да го направите пак ќе има помалку пари, знаете зошто? Заради економијата. Сфатете го тоа веќе еднаш, ниедна реформа што не е во насока на зголемување на економски раст во државава нема да биде ефикасен. Ние можеме овде да носиме закони какви сакате, но народот чувствува дали има повеќе пари во државата или не. Кога има повеќе пари во државата, кога има економски раст, кога има прилив на странски инвестиции, кога има капитални проекти, кога има нови идеи, иновации но иновации што се признати во Европа тогаш може да зголемуваме за реформи во сите фондови во Република Македонија. Може да се направи реформа само со побогато општество, посочи Деспотоски.