Конегергетивната централа во Скопје, што ќе ја гради мултинационалната компанија со потекло од Грција Митилинеос е инвестиција од 290 милиони евра, а ќе има годишно производство на околу 1.150 GWh електрична базна енергија. Ова е една од четирите стратешки инвестиции во енергетиката што треба да ја зајакнат енергетската независност на земјата.
Процесот на реализација на оваа инвестиција започнува уште во 2022 година кога на објавениот Јавен повик, Митилинеос поднесува барање за утврдување на статус Стратешки инвестиционен проект.
Стратешкиот инвестиционен проект на Митилинеос предвидува развој, изградба и работење со комбинираната постројка за топлинска енергија и електрична енергија во Скопје.
Станува збор за изградба на високо-ефикасна когенеративна постројка за производство на топлинска и електрична базна енергија кој би била лоцирана во индустрискиот комплекс Железарница, во Скопје и која би почнала со работа за околу три години од денес“.
„Во однос на користењето на земјиштето сакам да напоменам дека со Договорот Компанијата се обврзува да плаќа 2 евра по метар квадратен годишен надомест, или вкупно само по овој основ државата ќе приходува 7 милиони евра. Тоа се 7 милиони евра повеќе од нула колку што државата приходувала, односно не приходувала, откако овој поранешен индустриски капацитет престанал да работи“ рече директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски за „24 инфо“ во врска со енергетската стратешка инвестиција за изградба на конегергетивната централа на Митилинеос.
Тој додаде дека со овој проект конечно државата ќе стави рака на имотот, односно земјиштето кое им припаѓа на сите граѓани имајќи предвид дека во не така дамнешно минато имало различни интереси и обиди тоа земјиште да премине во приватни раце.
„Предноста на локацијата е што инфраструктурата веќе постои а стратешкиот инвеститор се обврза да го изгради капацитетот и целосната потребна инфраструктура и мрежа. Обврска на државата е да изгради само пристапен пат од 500 метри“ објаснува Деспотовски.
Стратешката инвестиција на гасна конегертивна централа треба да обезбеди намалување на топлинската енергија за најмалку 40%.
Тоа ќе ги намалу цените на парното греење во Скопје и директно ќе влијае на зголемување на интересот на граѓаните, особено оние кои некогаш се исклучиле, повторно да се приклучат на мрежат.
Дополнителниот интерес за парно, ќе ослободи и дополнителна електрична енергија, што скопјани сега ја користат за затоплување на своите домови, со што ќе се придонесе кон намалување на аерозагадувањето во главниот град.
Конегеративната централа ќе ја гради компанијата Митилинеос и е проект вреден 290 милиони евра. Ова е една од четирите страшки инвестиции во енергетиката која треба да ја зајакне енергетската независност на државата и ќе произведува околу 1.150 гигават часови електрична базна енергија“.
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски истакна дека финансиската помош од државата за оваа инвестиција е дефинирана на 17 отсто, односно нешто под 50 милиони евра.
„И веднаш ќе кажам дека компанијата е обврзана уште по првиот ден да ги плаќа сите давачки кон државата, вклучително придонеси за вработените, персонален данок и данок на добивка. Значи нема никакви ослободувања. Само по оваа основа, согласно деловниот план кој ни е доставен за период од 30 години државата ќе приходува помеѓу 120 и 150 милиони евра. Или во бројки, на секое евро вложено во проектот во буџетот на државата ќе се слеат помеѓу 2.5 или 3 евра“ рече Деспотовски. ()