Во пожар на куќа на улица Даре Џамбаз б.б кај последните куќи под ридот Вршник во високиот дел на Велес попладнево во пожар на куќе изгореа три деца oд една, две и четири години.
Кога избувнал пожарот децата биле сами и заклучени во куќата. Нивните родители ги заклучиле дома и излегле да пазаруваат.
Пожарот е пријавен по 16 часот. На местото на пожарот веднаш излегле противпожарната единица, екипа на СВР Велес и лекарска екипа на Брза помош.
Полицијата врши истрага за причината на пожарот.