Актуелно 31.10.2018 23:26

Детали за вооружената престрелка во Диво Насеље (ВИДЕО)

Детали за вооружената престрелка во Диво Насеље (ВИДЕО)

Албанските медиуми јавуваат дека четири лица, од кои едно потешко се повредени во вечерашната вооружена престрелка во кумановската населба Диво Насеље.

Телевизија Алсат јавува дека физичка пресметка меѓу две групи ескалирала во вооружена.

Според информациите кои ги објави Алсат, престрелката се случила меѓу две семејства.

-Лицето Ф.Л. (61) и В.Л. (46) пукале со огнено оружје кон лицата В.М., Џ.М., Р.М. и М.М. кои се здобиле со повреди. Едно од лицата е тешко рането по што е пренесено во Ургентиот центар во Клиничкиот центар во Скопје, јавува Алсат.

Увид во моментов вршат јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Телевизија 21, пак, објави видео од местото на инцидентот.