Живот 23.01.2021 12:05

Девојката на ѕвездата на Јувентус шокира: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Девојката на ѕвездата на Јувентус шокира: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со sвездата на Јувентус, Пауло Дибала, а на социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.

Дибала ја видел на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини била танчерка. Тој бил толку маѓепсан што веднаш и го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала романсата. Тие се во врска веќе три години.

Сега Сабатини го сврте вниманието кон себе велејќи дека таа сака и жени.

„Ако треба да си ставам етикета – да, мислам дека сум бисексуалка.

Италијанците и Аргентинците пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по синглот „Остани или бегај“ во чие видео таа се гушка и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговорила таа тогаш на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.