Од ДИК информираат дека до сега се обработени 85.71 од искористените гласачки ливчиња, односно од ливчињата на кои на денешниот референдум се изјасниле 548.301 гласач.
Вкупната излезност, од обработените податоци е 36,11%.
ДИК информира дека 16.073 биле неважечки ливчиња.
ЗА гласале 500.323 гласачи, а 31.886 биле против. Податоците се од оние кои се обработени до сега.
Во проценти, од обработените гласачки ливчиња 91.25% гласале ЗА, а 5,82 ПРОТИВ.
Референдумот е неуспешен бидејќи цензусот за истиот не беше постигнат.