Актуелно 31.01.2019 12:57

ДИК на седница ќе разгледува упатства во врска со претседателските избори

ДИК на седница ќе разгледува упатства во врска со претседателските избори

Државната изборна комисија на денешната седница ќе ги разгледа предлог-упатствата за гласање на немоќно или болно лице, за гласање на слепи лица и лица со оштетен вид, како и за гласање на лица кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор.

На дневен ред на седницата се и предлог упатствата за утврдување на личниот идентитет на гласачот, упатството за распределба на рекламни паноа и билборди по пат на ждрепка, упатство за гласање на избирачите кои се членови на избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва, односно конзуларните канцеларии.

Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и предлог-упатствата за важечки и неважечки гласачки ливчиња, за начинот и постапката за решавање на приговори за спроведување на Претседателските избори 2019 година, како и Упатството за начин и постапката за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи за Претседателските избри 2019 година.

На седницата ќе биде разгледан и Заклучокот за примена на Правилникот за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите, бр. 07 – 210 / 4 од 19.02.2017 година за примена за Претседателските избори 2019 година, како и Финансискиот извештај за реализираните средства за спроведениот Референдум на 30 септември 2018 година.