Економија 12.03.2025 13:02

Димитриеска-Кочоска на министерски состанок во Подгорица за елиминирање на недозволена трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Димитриеска-Кочоска на министерски состанок во Подгорица за елиминирање на недозволена трговија со тутунски производи во Западен Балкан

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.

Како што информираат од Министерството за финансии на состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Светската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, Словенија, Светската банка, Светската царинска организација, Организацијата за економска соработка и развој, како и претставници на академската заедница.

Целта, како што велат, е да се подигне свеста за проблемот со нелегалната трговија со тутун и за нејзиното влијание врз даночната администрација, здравјето и одржливиот развој, за потенцијалот на земјите во справувањето со нелегалната трговија со тутунски производи, а воедно и да се споделат искуства во справувањето со овој проблем.

Поврзани вести

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.