Актуелно 26.02.2024 09:27

Димитриеска Кочоска: Последниот тендер од 46 милиони евра за компанија Марковски е комплетна пљачка и фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати

Димитриеска Кочоска: Последниот тендер од 46 милиони евра за компанија Марковски е комплетна пљачка и фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати

Како ВМРО-ДПМНЕ порачуваме дека имаме поразличен пристап од тоа што го имаат СДСМ и ДУИ, односно во исто време, секој проект го гледаме од различни аспекти, односно правиме длабински анализи и гледаме се што може позитивни да се искористи. Ова го кажувам навраќајќи се на последниот тендер на Марковски во износ од 46 милиони евра што е за 30% повисока од вообичаената, за што јас кажувам дека 46 милиони евра е комплетна пљачка, односно тоа е на некој начин фиктивен договор преку кој ќе се вршат исплати, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата во Битола „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“.

Таа додаде дека ако се погледне тендерската документација, ќе се види дека со истите машини, истата компанија аплицирала на три тендери, што е невозможно тие машини во исто време да работат по три тендери, што значи дека нешто се случува таму, се врата празни камиони, се даваат фиктивни фактури, се врши исплати.

“За мене, криминалот не е ти 30 проценти, туку вкупниот износ на тој тендер, затоа што треба да ги гледаме работите малку подлабоко. Значи не само тој тендер, туку и уште еден друг од сите три е со истите машини на овие 46 милиони евра имаме плус уште дополнителен износ од друг тендер, кој што повторно функционира на истиот начин. Истата таа компанија доби уште еден тендер за префрлање на некаква опрема од Осломеј во Битола, покрај тоа што нема квалификации да го направи тоа. Сега ќе треба да размонтира нешто таму, ќе треба да го пренесе, и не е сега прашањето дали навистина толку вреди тоа размонтирање и тој пренос, туку ќе го направат нестручно, дополнително ќе ја оштетат и ние ќе имаме многу поголем проблем, после тоа, со целокупната таа опрема. Значи, покрај тоа што се краде, се прават штети кој што дополнително ќе прават трошоци и ќе го оптеретуваат претпријатието, вели Димитриеска Кочоска.

Во однос на квалитетот на јагленот кој што го увезуваат, Кочоска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како партија многупати зборуваше дека квалитетот на јагленот не е соодветен и дека не е добар за постројките и дека се случуваат проблеми, за што од власта негираат,

„Меѓутоа, има еден факт кој што е непобитен. Кока ќе ги погледнете финансиските извештаи на сегашно ЕСМ ќе видите дека приходите од наплата на штети, а тоа во суштина е активирањето на осигурувањето, е многу зголемено што јасно покажува дека компанијата има штети на својата опрема. Од каде доаѓаат тие штети? Токму од овој проблем. И сега доаѓаме до клучниот момент, ние не увезуваме јаглен, увезуваме земја“, рече Кочоска.

Може да замислите, додаде Димитриеска Кочоска, колку криминал има во тој дел имајќи во предвид колку чини јагленот, а колку земјата, затоа што ние реално не добиваме соодветен ресурс, за производство, туку добиваме земја која што е многу поевтина. ()