Актуелно 09.02.2024 08:47

Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе

Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе

Јавниот долг заклучно со 31 декември 2023 година е 8,5 милијарди евра, односно за седум години СДС ја има задолжено државата за 3,8 милијарди евра, наспроти 10 за 2,8 милијарди евра или 1 милијарда повеќе потрошиле за 7 години отколку претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Како ВМРО-ДПМНЕ не само што ветуваме, туку и се обврзуваме дека ќе има стабилизација на јавниот долг, односно намалување на јавниот долг како процент од БДП, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Димитриеска Кочоска се осврна на приказните на власта за капиталните инвестиции, при што појасни дека од тие 700 милиони за кои власта се фали всушност се работи за помалку од 190 милиони евра.

Во 2023 година се фалеа дека е година во која имало најголема реализација на капитални инвестиции над 700 милиони евра, но ако гледате подлабоко на што се потрошиле тие пари, ќе видите дека 236 милиони евра се дадени на Јавното претпријатие за државни патишта, односно аванси за коридор 8 и 10. Каков е ефектот од тие аванси кои се прикажани како капитални инвестиции? Во исто време има капитално субвенции за претпријатија од 295 милиони евра и тоа се пари дадени на ЕСМ, Железници и други претпријатија кои не ги користат за инвестиции туку за плати и покриваат трошоци затоа што во овие претпријатија има криминал кој прави загуби и тие не можат да опстојат, изјави Димитриеска Кочоска.

Димитриска Кочоска додаде дека кога ќе ги соберете овие две ставки добивате износ од 530 милиони евра средства кои ги потрошиле со приказна дека се капитални инвестиции и помалку од 190 милиони евра остануваат за останати инвестиции за кои нема детали дали завршиле на инвестиции или биле злоупотребени.

Владата да не се фали со реализација на капитални инвестиции затоа што таа е помала од 190 милиони евра, сето останато се приказни за мали деца. Овие пари да ги употребеа за поддршка вистинска на инвестиции во вистинска насока ќе ја кренеше економијата, ќе имаше нови работни места, подобри услови за живот, рече таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека затоа ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Многу повнимателно ќе се планираат средствата односно кредитите, не може да се дозволи да има договори за кредитирање за проекти кои не се почнати ни да се проектираат што се случува сега. Секој еден проект кој е заглавен ќе дадеме максимум да може да се одглави и да се почне со реализација. Ние не сме како СДС, сметаме дека се што е добро треба да се заврши, изјави Димитриеска Кочоска.