Економија 26.08.2025 11:24

Димитриеска-Кочоска се сретна со хрватскиот премиер, Пленковиќ – Интеграција на пазарите на капитал во фокусот

Димитриеска-Кочоска се сретна со хрватскиот премиер, Пленковиќ – Интеграција на пазарите на капитал во фокусот

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска утрово информираше дека заедно со министрите за финансии и економија од Централна и Југоисточна Европа, имале средба со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

„Разговаравме за важноста на регионалната иницијатива за интеграција на пазарите на капитал – процес кој ќе овозможи подобар пристап до финансии за компаниите, ќе ја зголеми довербата на инвеститорите и ќе отвори нови можности за економски раст, истакна Димитриеска-Кочоска во својата фејсбук објава.

Премиерот Пленковиќ, како што посочи министерката, ја дал неговата силна поддршка за оваа иницијатива.

„Уверена сум дека со заедничка работа ќе изградиме поконкурентни пазари на капитал и ќе обезбедиме подобра иднина за нашите економии, додаде министерката.