Банкарство 24.08.2020 19:51

Димитриеска Кочоска: Во аферата Еуростандард, над 20 милиони евра кредити се делени на струмички компании блиски до власта

Димитриеска Кочоска: Во аферата Еуростандард, над 20 милиони евра кредити се делени на струмички компании блиски до власта

-Пропаѓањето на Еуростандард банка вториот ТАТ, е афера тешка околу 200 милиони евра, колку што и вредеше активата на банката заклучно со 31.12.2018 година, за жал последниот јавно расположлив ревизорски извештај на банката. Епилогот е 100 илјади блокирани сметки, четириесетина илјади пензионери без своите пензии, измамени штедачи и над 20 милиони евра депозити кои што ќе останат непокриени. Но воедно овде се отвора и сомнеж за криминално и коруптивно работење, изјави на денешната прес конференција, Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека вистинското прашање во аферата тешка 200 милиони евра е на кој начин се одобрувани кредитите кои набрзо станувале лоши пласмани и зошто тоа било премолчувано од најмалку три финансиски институции задолжени за контрола на банките. Дали е точно дека во аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра, над 55 милиони евра кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта? Јавноста ја интересира кои се тие компании кои земале пари без покритие, или со хипотеки со преценета вредност.

-Сомнежот е дека се делени кредити за недвижнини со нереална и над проценета вредност со цел да се добијат повеќе пари. Да потсетиме дека Зоран Заев изјави дека знаел за работењето на банката една година, а министерката за финансии заштедата од 250 илјади евра навреме ја извадила од банката. Ова е коруптивен случај чии пипци одат до највисоките структури на власта,посочи Димитриеска Кочоска.