Актуелно 24.02.2020 15:16

Димитров се пофали дека „не биле совршени и дека испорачале“, народот целосно согласен со министерот

Димитров се пофали дека „не биле совршени и дека испорачале“, народот целосно согласен со министерот

Дали Фројдовиот комплекс проработе и кај министерот за навдорешни работи, Никола Димитров, познат како потписникот на т.н. Преспанска капитулација која власта ја нарекува Договор?

Во последниот пост на Фејсбук, Димитров онака фројдовски си призна дека не биле совршени и дека испорачале. Еве што тој интегрално и „соопшти’ на јавноста:

„За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на Регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со С. Македонија без одлагање, порача првиот дипломат на земјава Никола Димитров.

Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите дека изградивме силно досие и испорачавме.

Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех. На Конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан, денес во Солун, порача министертот за надворешни Димитров.

Граѓаните и македонскиот народ се целосно согласни дека Димитров и владата на Заев испорачаа (многу национални светии за бадијала – име, устав, преамбула, двојазичност и др.) и дека дефинитивно не се совршени. Проблемот е само во зборовите  „изградивме силно досие“…