Актуелно 15.10.2018 21:58

Димков: Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Димков: Цврсто стоиме на ставот- нема промена на Уставот со цел промена на уставното име

Многу цврсто стоиме на ставот дека нема промена на Уставот со цел промена на уставното име, рече Трајко Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување на телевизија Телма.

-Дека не треба да се поддржи договорот кажува и резултатот од референдумот. Или нашиот став е потврден и на референдумот на кој практично граѓаните рекоа НЕ. Оттука преспанскиот договор е мртов, посочи Димков.

Тој објасни и дека поради чувстителноста на прашањето партија одлучила секој да постапи онака како што мисли дека треба да постапи на референдумот.

Димков истакна и дека во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен.

-Тоа е официјален документ, истакна Димков.

Никој нема право да му каже на пратеникот како да се определи, односно како да гласа во Собранието за уставните амандмани. Одлуката за уставните измени останува на пратеникот, рече аналитичарот Сашо Клековски при своето гостување на телевизија Телма.

Според него прозероцот за договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е отворен уште извесно време.

-Избори се полегитимна варијанта и ВМРО-ДПМНЕ со оглед на ставот нема промена на Уставот со цел промена на уставното име треба да инсистира на нив, рече Клековски кој додаде „но, шансите да се дојде до решение со избори се речиси еднакви на нула“.