Актуелно 23.05.2025 09:33

Димовска: Парламентарната дипломатија и регионална соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок

Димовска: Парламентарната дипломатија и регионална соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, имаше обраќање на 4. Состанок на генерални секретари на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во рамките на Округлата маса на тема: „Придонесот на Парламентарното собрание на Медитеранот во новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот”, што се одржува во Маракеш, Мароко.

-Новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот претставува повеќе од политичка рамка, тој е обновена заложба за заедничките вредности: солидарност, човечко достоинство, одржлив развој, безбедност и мир. ПСМ е клучен столб во овој процес – како глас на народот и како форум за инклузивен дијалог, законска усогласеност и координирано дејствување“ – истакна Димовска.

Со оглед на тоа што нашата земја долги години е во чекалната на ЕУ поради билатерални прашања, заложбата за соживот, соработка, за партнерство, мора да биде заедничка и искрена. Како држава остануваме целосно посветени на реформите
и усогласување со ЕУ стандардите.