Актуелно 22.08.2019 09:53

Димовски: И изборот и разрешувањето на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон

Димовски: И изборот и разрешувањето на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон

И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон. Постапката е строга, зошто и институцијата е значајна, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

-Во двете постапки (и избор и назначување) Собрание на Републик Македонија и Комисија за прашања на изборите и именувањата не може, ниту смее да се прескокнат, односно ниту да се разреши СЈО, ниту да се назначи вршител на функцијата СЈО без овие две инстанци во постапката.

Советот на Јавни обвинители во постапката за избор и назначување на СЈО може да постапува само по предлог на Собранието, претходно утврден од Комисијата за избори и именувања, а изгласан со двотретинско и бадинтерово мнозинство.

Советот и на Јавни обвинители во постапката за разрешување може да постапува само како предлагач, односно да достави Извештај до Собранието за утврдено незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата СЈО. Конечната одлука во оваа постапка ја носи Собранието на Република Македонија.

Се друго е надвор од законите, пишува Димовски на Фејсбук.