Актуелно 28.01.2019 15:38

Димовски: Имаме дефицит на силно Собрание, извршна власт и органи на извршна власт

Димовски: Имаме дефицит на силно Собрание, извршна власт и органи на извршна власт

Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, на денешната седница на Собрание на Република Македонија говореше за изборното тело кое што е наречено „Граѓански совет“ , за контрола на работата на ОТА, а произлегува од измените на законот за следење на комуникации, кои што ова Собрание со повеќе од 2/3 мнозинство односно консензуално ги усвои.

Комисијата за прашања и изборите на менувањата имаше неколку продолженија на оваа точка, неколку продолженија на седницата. Јас како претседател на Комисијата за избори и именувања се обидов да влијаам на членовите на комисијата оваа точка да ја изгласаат без разлика како и да ја изгласаат со консензус. Од аспект дека законот е донесен со консензус. И целата проблематика постојано од страна на меѓународните институции и пред се од ЕУ бара како проблематика да ја следи консензуалноста, појасни Димовски.

Станува збор за многу осетлива тема, за следење на комуникациите, тема со која што Република Македонија во минатите 27 години многу пати се соочи како проблем. Проблемот е нормално јасен, во дефицит на силно Собрание, извршната власт и органите на извршна власт се силни, посочи Димовски.