На денешната расправа за ребалансот на буџетот пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски потенцираше дека Владата нема капацитет да ја води економијата.
„Сите параметри и сите показатели кои што Владата сама ни ги достави а се во рамките на ребаланс на буџетот говорат за една финансиска и економска неспособност.“
Димовски понатаму кажа дека Владата треба да признае дека нема капацитет да го води овој ресор. Тој кажа дека во последните 27 години се докажа дека споредбата на водење на економијата помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е невозможна бидејќи како што потенцираше тој секогаш кога СДСМ е на власт во економијата и финансиите владее хаос и минусни салда.
Тој направи споредба со времето на владеење на ВМРО ДПМНЕ каде што истакна дека економијата се реформирала и дека имало даночни реформи, драстичен раст на економската активност, градежништвото и т.н.