Финансии 22.03.2024 10:34

ДИРЕКТОРИ ВО „АЛКАЛОИД“ КУПИЈА АКЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА – еве каква позитивна порака е тоа за акционерите и инвеститорите

ДИРЕКТОРИ ВО „АЛКАЛОИД“ КУПИЈА АКЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА – еве каква позитивна порака е тоа за акционерите и инвеститорите

Берзанскиот систем за информации СЕИ нет е секогаш интересно место за објавите кои ги споделуваат македонските котирани компании, а кои се однесуваат на инвеститорската јавност за која се битни сите промени или новини што се случуваат во компаниите.

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ извести дека врвните менаџери од компанијата се стекнале со одредени количини акции, а како што сме пишувале и досега, тоа значи доверба во бизнисот и во перспективите на акционерското друштво со кое раководат.

Според известувањето до Берзата, првиот човек на „Алкалоид, Живко Мукаетов, кој е генерален директор на компанијата и претседател на Управниот одбор, се стекнал со 300 обични акции, членот на УО Виктор Стојчевски има 200 нови акции, а членовите Ќире Ицев, Ѓорѓи Јованов и Оливера Панева купиле 150, 100, 50 акции соодветно.

„Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 300 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Виктор Стојчевски, се стекна со 200 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Ќире Ицев, се стекна со 150 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Ѓорѓи Јованов, се стекна со 100 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје. Оливера Панева, се стекна со 50 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, се вели во неколкурте ценовно чувстѕвителни информации што ги објави компанијата.

Нема информација кога се стекнати овие акции и по која цена, но факт е дека тоа е одлична порака за вработените, акционерите и за целата инвеститорска јавност, бидејќи претставува доверба и во вредноста на акцијата, а и во бизнисот на компанијата.

Инаку, вчера денот затворил со просечна цена од 20.319,4 денари по акција.

Цената на акцијата на „Алкалоид“ е во континуиран пораст.

Алкалоид е секогаш една од најпрофитабилните македонски компании.

Како што и вчера објавивме, одличен профит лани прикажал фармацевсткиот гигант „Алкалоид“ и тоа 25,64 милиони евра, што значи зголемување од близу 8 отсто. ()