Следен пат кога нешто ве мрзи направете го ова. Сигурно ви се случило да прелистате сто слики на Инстаграм наместо да направите нешто корисно. Има лек и за тоа. Овој директор дава совет како да ја одржите продуктивноста и да се спасите од мрзата.
Кевин Систром е основач и директор на Инстаграм кој вели дека најважниот еден час за него е наутро. Тогаш вежба 60 минути. Се буди секое утро и вози велосипед. Вели дека еден ден ќе ги помине и најтешките тури во Франција.
Тој вежба наутро за да биде попродуктивен.
Но, како му успева ова кога цел ден е зафатен со обврски?
Тој има правило на пет минути.
Има правило со кое се ослободува од одолговлекување и мрзливост.
„Ако нешто не сакате да го работите, а знаете дека би требало, тогаш склучете договор сами со себе тоа да го правите 5 минути. За 5 минути ќе заборавите дека себе сте си дале рок и ќе завршите“ – вели тој.
И тоа е точно. Сетете се колку пати сте сфатиле дека за да завршите нешто треба да почнете. И тоа е најтешкиот дел, да се мотивирате себе. Ќе треба да работите само 5 минути и тоа се првите чекори.