Живот 30.10.2024 13:11

ДИРЕКТОРОТ НА МАЈКРОСОФТ САМИОТ СЕ КАЗНИ ЗА ПРОПУСТИТЕ ВО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА: Надела побара да му се преполови бонусот

ДИРЕКТОРОТ НА МАЈКРОСОФТ САМИОТ СЕ КАЗНИ ЗА ПРОПУСТИТЕ ВО САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТА: Надела побара да му се преполови бонусот

Извршниот директор на Мајкрософт Сатја Надела го преполови својот паричен бонус, соопштувајќи дека тоа го прави поради неодамнешните пропусти во сајбер безбедноста кои влијаеја на операциите на Мајкрософт.

Надела според пресметките на компанијата требаше да добие бонус од 10,66 милиони долари, а по намалувањето ќе добие 5,2 милиони лари. Тој годинава треба да земе вкупен надоместок од 79,1 милиони долари, што претставува зголемување од 63% во однос на неговата заработка во 2023 година. Надоместокот вклучува основна плата од 2,5 милиони долари и 71,2 милиони долари во акции врзани за цели за изведба.

Мајкрософт ги зголеми тројно приходите на 245,1 милијарди долари и четирикратно го зголеми нето приходот на 88,1 милијарди долари по назначувањето на Надела за извршен директор во 2014 година.

Администрацијата на Бајден неодамна го критикуваше ракувањето на Мајкрософт со сајбер безбедноста по нциетите во кои беа вклучени и кинески и руски хакери кои добија неовластен пристап до клучните сметки на американската влада, што доведе до повици за преглед на безбедносните практики на компанијата.

Најнови вести