Финансии 22.11.2023 11:15

Дивидендата во акции – „Илирика Инвестментс“ ќе емитува втора емисија од 50 илјади евра

Дивидендата во акции – „Илирика Инвестментс“ ќе емитува втора емисија од 50 илјади евра

Брокерската куќа „Илирика Инвестментс“ АД Скопје ќе емитува илјада обични акции во вредност од 50 илјади евра. Ова е втора емисија и е по пат на приватна понуда, а е во функција на распределба на дивидендата за минатата година. За ова е добиена согласност од Комисијата за хартии од вредност.

„Комисијата донесе Решение со кое на брокерската куќа Илирика Инвестментс АД Скопје и се дава одобрение за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – втора емисија на 1.000 обични акции во износ од 50.000 евра, односно 3.075.350 денари. Акциите од втората емисија се наменети за постојните акционери на брокерската куќа по основ на распределба на остварената добивка за 2022 година, во вид на дивиденда во акции“, се наведува во информацијата од КХВ.

По реализацијата на оваа втора емисија, вкупниот капитал на брокерската куќа ќе изнесува 125.000 евра. Односно, 2.500 обични акции со номинална вредност од 50 евра.

„Илирика Инвестментс“ издава нови акции заради проширување на лиценцата за работа.