Живот 22.07.2018 18:07

Дизајниран е нов уред кој овозможува спречување на топлотен удар во автомобил

Дизајниран е нов уред кој овозможува спречување на топлотен удар во автомобил

Електротехничкиот факултет во Љубљана дизајнираа уред што овозможува спречување на топлотен удар кај децата и животните, доколку во летниот период се најдат во автомобил, пишува Poslovni.hr. Уредот којшто се нарекува Alive се состои од сензорски мерен апарат и апликација, којашто го известува корисникот за температурата во автомобилот.
Целиот систем функционира така што ја следи внатрешната температура во возилото и доколку се надмине прифатливата висина неопасна по живот, автоматски се поврзува со надворешните сензори и самиот одредува дали во возилото се наоѓа живо суштество. Доколку го има, Alive испраќа порака за висината на температурата на однапред зададените телефони. Ако никој не реагира, уредот самостојно се активира и ги вклучува и броевите на итната медицинска служба.
Со сензорскиот апарат доаѓа и апликација за мобилен телефон, којашто овозможува додавање на мобилни броеви на коишто ќе пристигнуваат евентуалните известувања, како и описи на автомобили и други прилагодени функции за вакви ситуации.
Уредот треба наскоро да се појави на пазарот и според првите проценки би чинел околу 100 евра.