Овен 21.3. – 20.4.
Работа: Денес фокусирајте се на тимската работа и комуникацијата. Нови деловни можности. Љубов: Доколку сте зафатени, избегнувајте провокации од партнерот. Слободните влегуваат во страсна романса. Здравје: Витални сте.
Бик 21.4. – 20.5.
Работа: Ве очекуваат нови деловни можности. Бидете подготвени да преземете иницијатива и да донесувате важни одлуки. Љубов: Доколку сте зафатени, партнерот ви ја пренесува својата нервоза, а доколку сте слободни, излегувањата ви носат флерт. Здравје: Стрес.
Близнаци 21.5. – 21.6.
Работа: Ќе бидете многу креативни. Искористете ја оваа енергија за да почнете нови проекти. Љубов: Отворено разговарајте со партнерот за да избегнете недоразбирање. Доколку сте слободни, за вас се интересира некој од работната средина. Здравје: Нервозни сте.
Рак 22.6. – 22.7.
Работа: Ве очекуваат многу обврски, но и унапредување или барем подобри услови за работа. Љубов: Доколку сте во врска или сте во брак, односот со партнерот ќе ви зајакне. Доколку сте слободни, ве интересира личност од минатото. Здравје: Внимавајте на исхраната.
Лав 23.7. – 23.8.
Работа: Користете ја вашата креативност за да се истакнете и да ги покажете своите вештини. Љубов: Ако сте зафатени, страста ќе владее со врската. Слободните ќе привлечат многу шармантна личност. Здравје: Внимавајте на ‘рбетот.
Девица 24.8. – 23.9.
Работа: Имате можност да ја промените работната средина. Ќе бидете во дилема. Љубов: Доколку сте зафатени, тактичноста ќе ви помогне да ги решите сите недоразбирања со партнерот. Ако сте слободни, ќе имате можност за романса. Здравје: Внимавајте на дигестивниот тракт.
Вага 24.9. – 23.10.
Работа: Балансирајте меѓу обврските и добро организирајте се за да избегнете потенцијални пропусти. Љубов: Ако сте зафатени, ќе се чувствувате запоставено од партнерот. Доколку сте слободни, можни се судбоносни средби. Здравје: Стабилно е.
Скорпија 24.10. – 22.11.
Работа: Очекувајте успех во бизнисот. Љубов: Доколку сте во врска или во брак, не започнувајте расправии. Доколку сте слободни, фокусирајте се исклучиво на работата. Здравје: Најдете начини да се ослободите од стресот и напнатоста.
Стрелец 23.11. – 21.12.
Работа: Бидете отворени за нови идеи и можности. Можен е ненадеен прилив на пари. Љубов: Грижете се за потребите на партнерот. Доколку сте слободни, ве интересира личност со земјени карактеристики. Здравје: Стабилно е.
Јарец 22.12. – 20.1.
Работа: Ги реализирате плановите што ги започнавте во претходните неколку дена. Време е за нешто ново. Љубов: Ако сте зафатени, оддалечени сте од партнерот, а ако сте слободни, фокусот ви е на работата. Здравје: Внимавајте на зглобовите.
Водолија 21.1. – 19.2.
Работа: Решавате кризна ситуација и чувствувате олеснување. Љубов: Доколку сте зафатени, посветете им се на потребите на вашата сакана. Слободните запознаваат интересна личност преку пријател. Здравје: Витални сте.
Риби 20.2. – 20.3.
Работа: Ве очекуваат промени, кои може да значат и унапредување. Љубов: Ако сте зафатени, ќе ја зајакнете врската со партнерот. Слободните риби идеализираат личност од непосредна близина. Здравје: Несоница.