ОВЕН
Работа: Променете го мислењето за личностите околу вас. Понекогаш претерувате во својот идеализам на соработник. Бидете штедливи со пари.
Љубов: Сакате нешто да смените во бракот или врската, но почнете прво од своите навики.
Здравје: Нервоза.
БИК
Работа: Ако работите во врска со недвижности, ќе бидете успешни. Како и секој пат, соработувајте со Рак затоа што ви е идеален соработник.
Љубов: Пробајте да бидете на дистанца за да го смирите партнерот и неговата нервоза.
Здравје: Кашлица.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Сакате на лесен начин да дојдете до пари. Иако има индиции, сепак, денеска нема да биде тој ден. Ќе мора повеќе да се потрудите.
Љубов: Денот ќе го минете главно во телефонска комуникација со партнерот.
Здравје: Добро.
РАК
Работа: Вие важите за добар човек. Често ве викаат среќа за другите. Денеска помагате на оние кои немаат.
Љубов: Партнерот ја сака вашата пожртвуваност, но не е во прилика да биде ист или барем сличен на вас.
Здравје: Мали тегоби во бубрезите.
ЛАВ
Работа: Не пробувајте да избегате од себе и од разните обврски кои ве притискаат. Имате се на располагање, сите кои работат со вас се во грч доколку вие не сте им предводник.
Љубов: Вие сте некој кој сјае, и дава се за љубов. Партнерот е горд.
Здравје: Болки во пределот на кичмата.
ДЕВИЦА
Работа: Можеби сакате повеќе од обврските да ги ставите на некој кој работи со вас. Тоа не е добро. Кога тогаш, повторно ве чека работа.
Љубов: Не сте потполно отворени и искрени кон саканата личност.
Здравје: Повеќе овошје, витамини во исхраната.
ВАГА
Работа: Внимавајте на соработниците. Можеби некој од странство тропа на вашата врата, а вие не го слушате. Може да биде соработка со младински организации.
Љубов: Емоциите се тука, присутни се, но блокирани. Длабоко притиснете ги.
Здравје: Нервозни сте, имате висок притисок.
ШКОРПИЈА
Работа: Се борите самите против сите, а најмногу против себе. Тоа нема да ви донесе ништо добро. Не сте личност која попушта.
Љубов: Често ги ставате материјалните вредности пред сите други. Партнерот има чувство дека се губи во материјализмот кој ве опседнал.
Здравје: Се чувствувате несигурно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Денеска имате потреба да се докажувате и тоа сите да го видат и чујат.
Љубов: Внатрешни стравови ве опседнуваат. Пријателите и партнерот сакаат да побегнат од вас.
Здравје: Длабока анализа на она што ве мачи, ќе ви донесе резултат.
ЈАРЕЦ
Работа: Сакате да работите се сами. Премногу обврски имате. Сигурно и другите ве притискаат, но направете си некој распоред.
Љубов: Не сте подготвени за промени. Морате да се позанимавате повеќе за вашиот љубовен живот.
Здравје: Добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сакате да доминирате, и тоа е убаво, но е големо оптоварување. Затоа одете на страна кога ќе можете.
Љубов: Партнерот со кој живеете не е задоволен од вашето однесување. Често покажувате хистерија.
Здравје: Чувајте ги гласните жици.
РИБИ
Работа: Длабоко сте многу работна личност. Внатрешната природа не ви дозволува да се истакнувате премногу, освен ако не сте некој огнен подзнак.
Љубов: Ќе имате убав ден. Ќе стекнете познанство преку пријател.
Здравје: Внимавајте на стопалата.