Мозаик 05.10.2018 12:41

Дневен хороскоп за 05 октомври

Дневен хороскоп за 05 октомври

Овните се упорни, Биковите воздржани, Раковите имаат проблеми на љубовен план, Лавовите се арогантни, Девиците под стрес, а Јарците пасивни.

Ова е хороскопот за 05 октомври.

Овен

Не сакате да се откажете од една идеја за која сметате дека е многу добра. Ако е потребно вложување, размислете за тоа.

На полето на љубовта, еден Лав ве обожава.

Немате тегоби.

Бик

Вашата желба да успеете на полето на љубовта е огромна. Финансиската ситуација ви е одлична.

Бидете внимателни во комуникацијата со една личност на која често мислите.

Болки во вратот.

Близнаци

Пожртвуваноста која ја имате на полето на работата е на ниво, а колегите сакаат да ви помагаат што и да направите. Ако е потребна прекувремена работа, не го отфрлајте тоа.

Пожртвувани сте и на полето на љубовта, кон својот партнер, но и отворени за нова личност.

Внимавајте на остри предмети.

Рак

Полето на работа ви е нагласено и денеска ве очекува успех што и да одлучите да направите.

Ако сте во брак, не ги отежнувајте работите. Ќе бидете лошо расположени без причина, но и склони кон кавга.

Добро се чувствувате.

Лав

Ако сте сами во работата, можете да побарате помош од колегите. Не ги пропуштајте приликите кои ги имате за напредување.

Сакате да сте во врска, но и премногу сте свои. Не се трудите доволно.

Ви треба одмор.

Девица

Имате напорна комуникација на работа, но за многу работи сте самите виновни бидејќи не сте воопшто тимски играч.

Чувствувате притисок од страна на партнерот, кој не ве разбира целосно.

Се соочувате со голем стрес.

Вага

Поставувате многу ригидни услови и си отежнувате себеси. Некои работи не можат да се остварат колку и да сакате.

Излезете и забавувајте се. Некој ве посакува.

Движете се повеќе.

Шкорпија

Работата која ја извршувате не е лоша, но се чини како да не покажувате амбиција за повеќе. Не се сомневајте во своите квалитети и дајте се од себе.

Ќе ви се јави некоја личност од минатото, а тоа ќе ве направи многу нервозни.

Послушајте ги советите на лекарите.

Стрелец

Ја сакате својата работа и лесно ги прифаќате критиките. Се чувствувате дека сте на вистинскиот пат.

Премногу лесно се отворате и себеси си правите штета понекогаш. Мислите дека сите се чесни, но не е така.

Зголемена нервоза.

Јарец

Ако некој ви должи пари, аспектите препорачуваат да направите значаен потег и да си наплатите.

Оние кои се во врска и брак ќе поминат убав и спокоен ден, а оние кои се слободни се пасивни.

Внимавајте во сообраќајот.

Водолија

На работа, оставате впечаток дека сте арогантна личност. Шефовите ве следат и не сакаат да ви дозволат многу.

Пробувате да излезете од емоционална депреисја и не дозволувате некој да ви ги уништи плановите. Не се впуштајте во нешто ново, додека не го решите ова.

Депресија.

Риби

Ако сакавте нешто ново на полето на работата, не заборавајте дека индивидуалниот пристап не игра доминантна улога во тоа што сакате да постигнете.

Некој од колегите е заинтересиран за вас. Опуштете се и прифатете го предизвикот.

Несоница.