Мозаик 01.12.2023 13:50

Дневен хороскоп за 1 декември 2023

Дневен хороскоп за 1 декември 2023

ОВЕН

Би требало да го дочекате крајот на работната недела задоволни од постинаготот, но од друга страна и изморени. Чувството на замор ќе се одрази и во сферата на љубовт, па главно ќе зависи се од вашето расположение. Спијте добро.

БИК

Добар ден за рекапитулација на сработеното и правење на планови за следната работна седмица. Може да имате некој добар службен разговор. Што помалку се враќате во минатото и се преиспитувате повеќе во љубовта, тоа подобро за вас. Многу добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Не треба да бидете мрзеливи денеска, сепак е петок. Со тоа обидете се опуштено да ја приведете кон крај работната седмица. Некому сте тајна симпатија, но никако да ви се приближи и да го направи тој прв чекор. Можни кардиоваскуларни тегоби.

РАК

Многу добра завршница на оваа работна седмица. Можно и склопување на некој нов договор. Во љубовта разговарајте, покажете повеќе интерес кога се потребите и очекувањата на саканата личност во прашање. Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЛАВ

Вообичаен работен ден пред вас, без предупредување за некои непријатни изненадувања. Опуштен и отворен разговор ќе ви отвори нов поглед на комплетната љубовна ситуација. Многумина ќе имаат шанса за влегување во сериозна врска. Респираторни тегоби.

ДЕВИЦА

Потрудете се да ги завршите работните обврски и немојте да ја префрлате топката на другите, туку побарајте помош. И натаму постои личност која ве привлекува, но се оди бавно. Бидете трпеливи. Здравјето е многу добро.

ВАГА

Се оди според својот тек и овој петок може да очекувате информации поврзани со некој проект или договор. Денот искористете го за заедничко излегување или да смислувате план за викендот. Можеби ќе имате некое патување со саканата личност. Кардиоваскуларни проблеми.

ШКОРПИЈА

Би требало успешно да ја приведете кон крај работната седмица и да се занимавате со плановите за идните проекти и соработки. Убав ден на полето љубов. Не е исклучено некое пријатно изненадување од вашето минато. Здравјето без поголеми проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Сите околности ќе бидат наклонети да го покажете својот професионализам на дело. Не би требало да влегувате во љубовни авантури, несериозни врски и непроверени комбинации. Ќе има поволни прилики. Во здравјето можни се хронични тегоби.

ЈАРЕЦ

Без поголеми проблеми предизвици ќе ја завршите оваа напната работна недела и малку ќе одморите. Во љубовта добро е да имате свој став и погледи, но не е лошо понекогаш да ја сослушате и другата страна, па тогаш се определите за најдобро решение. Физички замор.

ВОДОЛИЈА

Би можеле да бидете зафатени, пред се со завршување на започнатите работни обврски од претходниот период. Особено внимавајте на документации и формалности. Солиден ден во сферата на љубовта за оние кои се задоволни од сегашната ситуација. За оние кои не се, би било добро да не се враќате во минатото. Ќе ви годи прошетка на отворено.

РИБИ

Бидете одговорни и професионални за денеска да немате пречки во работата. Релативно мирен ден и без најави на битни случувања за оние кои се задоволни од актуелната ситуација. Многу добро здравје.