Мозаик 12.09.2024 12:03

Дневен хороскоп за 12-ти септември 2024 година

Дневен хороскоп за 12-ти септември 2024 година

Овен 21.03-20.04.
Клучниот збор за денеска е „умереност“. Во ред е да тргнете во авантура, дури и ако се обидувате со нешто екстремно, но не заборавајте да поставите граници и да не губите разум. Не бидете премногу самоуверени, не се занесувајте со хазарди.

Бик 21.04- 20.05.
Денеска некои од вас може да се чувствуваат разочарани од однесувањет на вашиот интимен партнер или друга личност важна за вас. Без оглед на чувствата што ќе ви дојдат, прифатете ги, но не брзајте да извлекувате заклучоци: почекајте ден или два, додека не ја сфатите информацијата и не ја разјасните ситуацијата.

Близнаци 21.05.-21.06.
Денеска можеби ќе треба да ги средите старите сметки, и во буквална и во преносна смисла. Доколку се работи за финансиска работа, би било добро конечно да се справите со тоа и да размислите што да правите. Исто така, бидете одговорни ако се работи за личност со која сте имале или сѐ уште одржувате врска, но сакате да ја прекинете.

Рак 22.06-22.07.
Денеска тешко дека некој ќе успее да ве доведе во заблуда, дури и доколку тоа успеал да го стори во минатото. Ќе имате поголема јасност и за луѓето и за ситуациите и за тоа што ќе правите во иднина. Денот ви дава шанса да се нурнете во вашиот емотивен свет и да откриете што навистина сакате.

Лав 23.07-22.08.
Денешниот ден може да го расветли вашиот однос со некој важен за вас, интимен или деловен партнер. Ќе можете да ги извадите розовите очила и да ја видите реалноста онаква каква што е. Вистината можеби не е пријатна, но пдобро е да ја знаете отколку да паднете во самозаблуда.

Девица 23.08.-23.09.
Денеска е можно да се соочите со нерешен проблем со корени кои се враќаат во минатото или да налетате на личност со која претходно сте имале врска. Можеби ова е знак дека треба да преиспитате или ревидирате нешто. Денот е погоден за справување со финансиско прашање, чие решавање долго време го одложувате.

Вага 24.09.-23.10.
Денеска внимавајте на вашите љубовни односи и не ги игнорирајте чувствата, ниту вашите, ниту оние на другата личност. Иако е можно разговорот меѓу вас двајцата да ви отвори стара рана, обидете се да не се расфрлате со обвинувања и прифатете дека секој има право да се чувствува на одреден начин.

Шкорпија 24.10-22.11.
Денеска ќе уживате во голема инспирација и добра концентрација, кои во комбинација ќе ви овозможат на најдобар начин да го направите она што сте го зацртале. Посветете се на креативни активности каде што можете да го ставите своето срце и да ги покажете своите таленти. Одличен ден за медитација.

Стрелец 23.11.-21.12.
Без оглед на грижите и стравовите што ве обземаат денеска, обидете се да се соочите со нив и не дозволвајте да ве спречат да го правите она што ви го шепоти вашиот внатрешен глас. Постои ризик некој да се обиде да манипулира со вас и да ве натера да прифатите ситуација неповолна за вас, не дозволувајте го тоа.

Јарец 22.12.-20.01.
Денешниот ден може да ве натера да признаете некоја вистина која претходно сте ја занемариле или сте ја криеле. Колку и да не сакате да го олабавите стисокот и да дозволите работите да бидат такви какви што се, подобро направете го тоа – на крајот ќе се чувствувате ослободени.

Водолија 21.01.-19.02.
Комуникацијата денеска ветува дека ќе бие пријатна и ќе ја зајакне вашата блискост со саканите. Искористете го позитивното влијание поминувајќи повеќе време со семејството и со саканата личност. Денот може да биде доста успешен финансиски доколку сте го направиле своето длабинско истражување во минатото.

Риби 20.02.- 20.03.
Доколку последните денови ве обземаа финансиски грижи, денеска обидете се да ја погледнете ситуацијата од поширока перспектива; и дознајте што може да се направи во врска со тоа. Одличен ден е да уживате до мила волја, но внимавајте да не трошите прекумерно или да одите во краности.