Мозаик 02.02.2024 11:02

Дневен хороскоп за 2. февруари 2024 година

Дневен хороскоп за 2. февруари 2024 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов
Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат. Тоа ќе биде напредок и благо олеснување.
Кариера
Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение.
Здравје и совет
Одморете,наспијте се.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов
Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт, но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело.
Кариера
Пред вас е порака, понуда или слично, која што доаѓа од странство. Сепак не е сосема дефинирана, но радува како можност.
Здравје и совет
Засега анализирајте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов
Изразувањето на личното незадоволство не е начин за подобрување на интимните односи, доколку не предложите и некои конкретни решнија.
Кариера
Верувајте дека можете подобро и повеќе. Имате право, но не треба од себе да го барате неможното. И вие сте само човек.
Здравје и совет
Бидете пореални.

Рак 22.6-22.7.

Љубов
Денеска завршувате една фаза на својот еротски живот и ги комплетирате искуствата.Оние во врска се добро, а осамените заведуваат.
Кариера
Веројатно ќе се најдете покрај големи вложувачи во вашата работа, но работите се уште не се дефинирани, ниту готови.
Здравје и совет
Здрави сте и подготвени за нови предизвици.

Лав 23.7-22.8.

Љубов
И да одите чекор напред па чекор назад, пак ќе бидете во плус, зашто знаете што сакате.Тоа ќе го препознае и другата страна.
Кариера
Денеска ќе се занимавате со некои нежни теми или естетски, уметнички и креативно подобрување на работата.
Здравје и совет
Имате добра форма.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов
Ќе бидете стабилни и сигурни во својата врска, зашто ќе се појават резултатите од вашите претходни љубовни делувања.
Кариера
На чекор сте до моментот кога ќе ве забележат и оние кои до сега не ве забележувале.
Здравје и совет
Само продолжете со зададените активности.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов
Ако ви се пристори како партнерот ви ги крои деновите, ќе се побуните, а потоа ќе продолжите тоа да го прави до одреден степен.
Кариера
На некои ќе им се чини дека се им е однапред зацртано, па немаат многу простор за маневрирање.
Здравје и совет
Имате доволно слобода, без грижа.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов
Ви претстои големо пријателство, можеби и повеќе, а до зближувањето ве дели еден мал чекор.
Кариера
Ќе се ослободите од некаква нејаснотија, што ќе ја видите пред да ја забележат другите. Сепак не се однесувајте како се да знаете, туку дадете им шанса и на другите.
Здравје и совет
Бидете разбрани.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов
Оние кои се вљубени, би можеле на саканата личност да и предложат нешто поврзано со заедничкиот дом.
Кариера
Ќе довршувате мало инвентирање, кое е предуслов за уште поголемо напредување во работата. Ќе успеете.
Здравје и совет
Не претерувајте со јадење и пиење.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов
Ќе ја носите саканата личност од место на место и ќе и покажувате каде би можеле еден ден да живеете заедно.
Кариера
Добро ќе соработувате со сите, но најдобро со младите соработници. Ќе уживате во тоа.
Здравје и совет
Бидете она што сте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов
Ако веќе толку сакате да се жалите, тогаш тоа раскажете и го на личност од доверба, а не на онаа со која сте во врска, зашто ќе и бидете напорни.
Кариера
Можеби ќе посакате сите да ве остават на мир, за да го одработите својот дел од работата со потребната концентрација. Ќе ви тргне од рака.
Здравје и совет
Можни се преоптоварувања.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов
Некои ќе се подготвуваат да кажат нешто важно и во главата ќе спремаат голем говор. Не изразувајте што мислите, ако тоа не можете да го промислите.
Кариера
Еден трошок малку ќе ве вознемири, но набргу ќе воспоставите контакт со кој ќе развиете работа и ќе го надоместите.
Здравје и совет
Добро ќе маневрирате. ()